Затвореници во Идризово ископале тунел за да побегнат

Затвореници во „Идризово“ копале тунел за бегство и преку него сакале да побегнат. Ова за агенцијата „Макфакс“ го потврдува Јовица Стојановиќ, директор на Управата за извршување санкции.

Почетокот на тунелот е од шеталиштето на затворениот дел на затворот, а водел до надвор од затворот. Во овој дел на „Идризово“ казни издржуваат затвoреници со високи казни, а меѓу нив има и такви осудени на доживотен затвор.

Сето ова било добро организирано и се работело по претходно разработен план. Неофицијално, сето ова било правено со месеци, од страна на повеќе затвореници, распоредени во смени, зависно од тоа кој кога ќе добиел термин за излез во шеталиштето.

На терен е излезена и увидна екипа на МВР, односно крим полиција.

Претходна вестOпштина Карпош со по 3.000 и 5.000 денари ќе субвенционира купување на велосипеди и тротинети
Следна вестГоце Седлоски по втор пат сезонава се раздели од Шкупи