Не е издадено никкви одобрение за функционирање на поставените реквизити за рингишпил во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“, соопшти денеска Општина Карпош. Се додава дека општинските власти немаат надлежност за издавање на вакви одобренија.
-Очигледно се работи за насилник за кого законските процедури не важат, па според тоа надлежните државни институции треба најостро да го санкционираат, имајќи во предвид дека ги нема потребните одобренија да ја врши оваа дејност на предметната локација. Доколку некој врши дејност без потребни согласности од надлежни локални или државни институции и без соодветна техничка документација, забрана за вршење на дејноста изрекува државниот пазарен инспекторат, се наведува во објавата.
Се додава дека во текот на вчерашниот дел на лице место покрај општинскиот градежен инспектор беа и инспектори од МВР, УЈП и Пазарен инспекторат, и дека општината бара тие да ги искористат своите законски овластувања и да се затвори овој случај.