Браво: Општина Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад

Општина Кисела Вода најави бесплатно подигнување на кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради. Во периодот од 3 мај до 11 мај, во рамки на сите месни и урбани заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го подигаат кабастиот отпад, информираат од општината.

За да се искористи оваа бесплатна услуга, информираа денеска од Општината, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02/2785-427 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 26.04.2023 до 02.05.2023.

– Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат и одложен кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, нашиот тим за собирање на отпад ќе ги подигне предметите, во денот што е претходно договорен со службите и ќе го транспортира на локација предвидена за ова намена, наведуваат од Општина Кисела Вода.

Апелираат до жителите да ја искористат можноста и да бидат дел од уште една акција на Општина Кисела Вода, чија цел е создавање и одржување на чиста и здрава животна средина.

Претходна вестГраѓани повторно каснати од кучиња скитници во Скопје
Следна вестСпасовски: Групата од Иран и Русија, која ги правела лажните дојави за бомби лоцирана, следуваат кривични