Граѓани повторно каснати од кучиња скитници во Скопје

Продолжуваат нападите на улични кучиња во Скопје. Само во текот на вчерашниот ден имало два вакви случаи.

– Денеска (24.4.2023), во 4.30 часот, во полициската станица Кисела Вода, А. А. (35) од Скопје пријавил дека на улицата Пржино бил каснат од куче скитник. Додека вчера во 15.30 часот, во полициската станица Карпош, А. Н. (32) од Скопје пријавила дека на улицата Радика била касната од куче скитник.

Ретко да поминува ден, а во Скопје да нема пријавен случај на каснување од куче. Така е години уназад, а по се изгледа дека и во иднина ќе се случува истото бидејќи нема најава дека ќе биде решен проблемот.

Претходна вестШефот на „Гугл“ лани добил 226 милиони долари плата и надомест
Следна вестБраво: Општина Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад