Општина Тетово поднесе кривична пријава против Теута Арифи

Направена штета од околу еден милион евра по општински буџет е основ за поднесената кривична пријава против поранешната градоначалничка на Тетово Теута Арифи. Актуелниот градоначалник Билал Касами на денешната конференција за печат рече дека пријавата од Општина Тетово опфаќа и нејзин близок соработник, судија и адвокат. Пријавата, за која информира МИА, се однесува на еден предмет врзан со експропријацијата на земјиштето.

-Вредноста на експропријацијата била три милиони денари (речиси 50.000 евра), сега каматата за оваа сума е 65 милиони денари (околу 1 милион евра). Инаку, овој случај датира од 80-тите години, а повторно бил активиран во 2015 година, за кој сите судски одлуки се позитивни. Се сомневаме дека претходното раководство намерно не го обжалило решението, за кое денеска Општина Тетово плаќа камата и со тоа не само што се оштетува буџетот на општината, туку и на граѓаните. Пријавате е поднесена поради сомнение дека ги злоупотребиле службените овластувања и положби, со што е оштетен буџетот на Општина Тетово во износ од 68 милиони денари (1,1 милион евра), изјави Касами.

Тој додаде дека не е поднесен приговор ниту е направен договор со странката со единствена цел да се искористат евентуалните пазарења што можеле да се направат со странката. Касами рече дека откако станал градоначалник Општината само за камати платила над 29 милиони денари или приближно половина милион евра.

Претходна вест139 нозаразени, 86 оздравени и еден починат од Ковид -19
Следна вестРусковска испитува зошто Спасовски со месеци не го затворал техничкиот преглед во кој амин доби и „Беса транс“