Темно Режим Светло Режим

Општина Центар упорно воведува ред, ама има возачи кои упорно паркираат каде сакаат

Вкупно 174 сопственици на непрописно паркирани возила биле казнети во периодот од 22 до 28 февруари, соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар.

-Со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 90 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 84 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани, се наведува во информацијата.

Слични се бројките и од минатите недели. Се гледа дека општона Центар не попушта во намерата да воведе ред во паркирањето, но и се гледа дека има многу возачи кои се несериозни.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост
46-годишен скопјанец прегазил и повредил жена па побегнал

Две лица приведени поради пукањето во Ѓорче Петров

Следниот Пост
СДСМ: Како е можно преку граница да поминале 5 тона дрога, а никој да не одговара?

СДСМ ќе става „Северна“ во своето име