Орбан: Санкциите не функционираат, Европа ископа јама на Русија, во која и самата падна

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека санкциите на Брисел против Москва не ги исполниле очекувањата и дека Европа паднала во дупката што ја ископала за Русија.

-Санкциите не функционираа како што очекуваше Брисел кога беа воведени. Дојдовме до план да им ископаме дупка на Русите, а потоа паднавме во неа, рече Орбан, пренесува ТАСС.

Во интервју за унгарското радио Кошут, Орбан изјави дека на последниот самит на ЕУ се зголемиле тензиите меѓу земјите-членки, но и дека сè погласни се барањата за мирно решение на украинската криза, пренесува МТИ.

Претходна вестОМО „Илинден”- ПИРИН: Пендаровски ќе испрати свој претставник на отворањето на македонскиот клуб во Благоевград
Следна вестФилипче тврдеше дека нема да има пенали, а Сали сега преговара да се намали обештетувањето од 8,5 милиони евра