Орбан: Во Унгарија нема да има собири за поддршка на „терористички организации“

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја нема да дозволи одржување собири за поддршка на „терористички организации“. Унгарските граѓани можат да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло, истакна Орбан.

– Шокантно е тоа што има собири на оние кои ги поддржуваат терористите низ цела Европа, рече Орбан.

Тој додаде дека имало дури и такви „обиди“ во Унгарија, но дека неговата земја нема да дозволи собирање на поддршка за „терористички организации“ бидејќи тоа би претставувало закана од тероризам.

Претходна вестЧистачка во Штутгарт им наплаќала на посетителите за бесплатен тоалет, заработила илјадници евра
Следна вестМнозинството Хрвати бара втора работа – над 70% од платата им оди на храна и комуналии