Oрганизатори на настани ќе си организираат сопствени протести пред Владата

Претприемачите кои работат во сферата на организирање на настани од денеска па натаму секојдневно ќе организираат протести пред Владата во периодот од 12 до 15 часот. Тие бараат да се најде соодветно решение со кое Владата ќе им помогне во ситуација кога не можат да работат поради превентивните мерки против пандемијата на корона вирусот. Незадоволни се од она што им е определено како помош, а со кој пакет не се опфатени и сите фирми.

Во соопштението до јавноста тие наведуваат дека Владата најавила финансирање на најмалку 40 настани, а „помош„ ќе добиеле повеќе од 100 компании.

-Значи потврдуваат дека ќе добијат само дел, оние одбраните, а не и сите компании. Каква е таа помош и по кој критериум ќе се доделува? Ние како Асоцијација не ги делиме колегите по ниту еден основ и затоа остануваме на ставот дека ако се доделува помош, таа секако треба да биде под одредени услови, но да ја добијат сите компании. Остануваме на ставот дека под итно треба помош за оваа дејност, правична и фер за сите, без поделби на подобни и неподобни. Затоа, ќе бидеме пред Влада секој ден од 12 до 15 часот, се додека не изнајдеме квалитетно решение прифатливо за сите!, наведуваат организитаторите на протестот.

Претходна вестФилипче: Системот функционира, денеска пристигнуваат 2.000 кинески вакцини
Следна вестНе е доцна за ревизија на ДУП-от кај ГТЦ, само треба да се има добра волја