Оштетен автомобил на Солза Грчева, таа вели дека дека нема да ја замолчат

Непознат сторител или повеќе нив го оштетиле приватниот автомобил на Сoлза Грчева, лидерка на опозициска партија “Глас за Македонија“. Веста за овој чин таа ја објави на својот профил на социјална мрежа Фејсбук. Грчева објасни дека возилото и било оштетено по настапот во еден телевизиски медиум.

-Секој мој жесток настап, како оној пред три дена на Алфа, има своја цена со која морам да живеам. И не е прв, ниту последен пат. Среќа што се уште насочени (на разни начини) на колата. Можат да станат и поинвентивни. Ама ич нема да ме замолчат. Напротив, порача Грчева во објавата.

Инаку, Гршева често настапува критилки кон власта особено за промената на името и прифаќањето на францускиот предлог.

 

Претходна вестВо чест на македонскиот поетски великан: УНЕСКО ја чествува 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов
Следна вестИзвештај на Стејт департмент: Владата не секогаш ја почитувала судската независност и непристрасност