Османи по 6 дена од свиркањето на македонскиот јазик: За осуда е, тоа беа тинејџери испровоцирани од пејачите што не сакаа да настапат

После шест дена откако беше исвиркан македонскиот јазик на журката за Рамковниот договор, министерот Бујар Османи се сети да ја осуди случката. Неговата партијасо денови молчеше, а тој е првиот што се произнесе откако му беше поставено новинарско прашање. Тврди дека тоа биле група тинејџери, ама дека тие биле испровоцирани од одбивањето на неколку македонски пејачи да настапат вечерта, минатата сабота.

-Сигурно е за осуда. Беше тоа група на млади лица кои се обидуваат да злоупотребат. На тоа претходеа и некои пејачи одбиваа да настапуваат, рече Османи во интервју за Канал 5.

 

Претходна вестМуареми прво ќе одмарал, па ќе одлучувал каде ќе работи, до новиот избор – го наследува Дехари
Следна вестЖежов: Согласноста на македонските колеги од Комисијата е негирање на етногенезата на македонскиот народ