Муареми прво ќе одмарал, па ќе одлучувал каде ќе работи, до новиот избор – го наследува Дехари

Веќе поранешниот директор на финансова полиција, Арафат Муареми прво ќе оди на одмор па после ќе одлучува каде ќе ја продолжи кариерата. Ова значи дека нема намера да и се врати повеќе на директорската фотеља во оваа институција. Дали некоја друга е следна, за сега не се знае.

Во меѓу време додека неговите претпоставени односно владата одлучи кој ќе го наследи, вршител на должноста ќе биде неговиот заменик Бесим Дехари, долги години вработен на високи позиции на МВР.

Веднаш откако републичкиот обвинител Љупчо Јовевски ја суспендираше Вилма Русковска и уште две обвинителки – кои направија претрес во финансовата полиција, Муареми соопшти дека се повлекува, за неговата позиција да немала влијание на истрагата. Тој отфрл дека имале политички судир со Русковска, но твдреше  дека претресот во институцијата и во неговиот кабинет Русковска го направила незаконски.

Претходна вестНовозаразени од Ковид се 491 лица, починале 8 пациенти
Следна вестОсмани по 6 дена од свиркањето на македонскиот јазик: За осуда е, тоа беа тинејџери испровоцирани од пејачите што не сакаа да настапат