Осомничениот Д.Д.(50) синоќа на рочиштето во Вишото јавно обвинителство во Заечар призна дека ја задавил двегодишната Данка Илиќ.
Повеќе од два часа синоќа траеше сослушувањето на Д.Д. Тој во обвинителството откри и дека имал помагачи да го тргнат телото на Данка од депонијата.
-Тој рече дека татко му и брат му помогнале да се ослободи од телото, вели извор запознаен со случајот.
Потсетуваме, осомничените за убиството на Данка Илиќ (2) синоќа беа сослушани во обвинителството, а во таа прилика еден од осомничените го призна делото, додека другиот се бранел со молчење.
-Осомничените беа сослушани во обвинителството, при што Д.Д. целосно го признал извршувањето на делото, додека Ј.С. се бранел со молчење, соопштија од Обвинителството.
Како што јави Радио-телевизија на Србија, уапсени се таткото и братот на осомничениот Д.Д.
Тие наводно помогнале телото на девојчето да се премести од депонијата во околината на Бањско Поле на засега непозната локација на територијата на градот Бор.
Поради постоење основи на сомнение дека најверојатно сториле кривично дело на 28 март годинава помагајќи му на сторителот по извршувањето на кривичното дело, на Р.Д и Д.Д им е одреден притвор до 48 часа.
Со кривична пријава ќе бидат изведени до Вишото јавно обвинителство во Зајечар.