Останува ли Пендаровски сам?

Наближуваат претседателските избори. Што ќе прави сегашниот претседател на Македонија, Стево Пендаровски, ќе се кандидира ли повторно?

Актуелниот шеф на државата неодамна најави дека од 16 до 18 февруари ќе учествува на Минхенската безбедоноска конференција и дека одлуката ќе ја соопшти пред или по Конференцијата оти таа требало да се соопшти од дома. Значи, ако не биде соопштена утре, ќе биде по 18 февруари.

Што ли ќе каже на нацијата?

Пендаровски до сега изјавуваше дека за ново влегување во претседателска трка му е важно мислењето како на граѓаните, така и на партиите бидејќи сосема независна кандидатура не може да биде успешна во земјава. Партиската поддршка се врзуваше првин за добивањето на онаа од СДСМ, а потоа и од ДУИ, меѓу кои две партии се водат разговори за изборна соработка, како на парламентарните така и претседателските избори. 

Претседателот пред извесно време со лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски, имаше и своевидно јавно препукување околу тоа кој треба да се јави во Грција околу хаосот со наметнатата промена на личните документи. Преку медиуми си разменуваа реплики. Ковачевски тој удар како ќе го поднесе по оној поголемиот дека веќе не е премиер?

Од вчера, пак, на Пендаровски му се комплицираат и односите со најважниот коалициски партнер ДУИ откако одби да го потпише указот за Законот за игри на среќа, а чии решенија силно ги поддржуваа „интегративците“ на Али Ахмети. Претседателолт ја начна гордоста и самоувереноста на Ахмети, ќе значи ли тоа дека ДУИ нема да го подржи за нов мандат?

Во ДУИ веќе како да го „билдаат“ Бујар Османи за свој кандидат. Останува ли Пендаровски сам?

Се разбира, сето ова може да се промени за час – од политичка корист. Се разбира, тој како што истакна се надева и на мислењето и поддршката од граѓаните на Македонија. Ја има ли, треба да погледне во анкетите.

Претходна вестВолкановски за битката со Топруија: Ќе го скршам уште во првата рунда
Следна вестЗошто лозјата се закројуваат токму на Свети Трифун и какви обичаи постојат низ различни делови од Македонија?