Осудениците од „Диво насеље“ кои убија 8 припадници на МВР ќе бидат префрлени во Косово?

Се комплетира документацијата за префрлањето на Кумановската група во Косово, тврди министерот за правда Кренар Лога во интервју за Радио Слободна Европа, а пренесува косовска Коха. Поточно 13 затвореници од т.н. Кумановска група, кои сега се наоѓаат на издржување на затворски казни во скопскиот затвор „Идризово“ поради случајот „Диво насеље“, ќе бидат префрлени на Косово.

„Кумановската група“ упадна од Косово на 9 и 10 мај 2015 година и во кумановското „Диво насеље“ уби 8 припадници на специјалните полициски единици. Тројца од нив се осудени на доживотни затворски казни, а останатите на долгогодишни затворски казни.

Тие се пожалиле дека во „Идризово“ биле жртви на физичка и психичка тортура и затоа бараат затворските казни да ги издржуваат на Косово.

Претходна вестЗагрижувачка анкета: 37 проценти од децата во Македонија не се чувствуваат безбедно во училиште, 24 отсто се жртви на физичко насилство
Следна вестЗаштитните маски веќе нема да се задолжителни во јавниот превоз, болниците, аптеките…