На територијата на општина Центар вчера се изречени вкупно 187 мерки, меѓу кои осум мерки за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР.
-Меѓу изречените санкции 18 се за возење без возачка дозвола, седум за технички неисправни и нерегистрирани возила и пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), се наведува во информацијата.
Од МВР наведуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.