Паднати дрвја, одрони на земја и на камења, снег и слаба видливост од денеска околу пладне значително го отежнуваат сообраќајот кон зимскиот центар Маврово. Посебен проблем созадаваат паднатите дрвја и гранки кои се искршиле под напластениот снег и паднале на коловозот. Ваква состојба најизразена е на патниот правец Гостивар-Маврово особено делот на патот кој води кон зимскиот туристички центар Маврово. Поради ова, неколку часа околу пладне сообраќајот на тој правец се одвиваше наизменично поради што имаше и застои и колони на патот.
Подоцна сообраќајот се нормализирал иако според АМСМ се одвива отежнато и кон Маврово, но и кон Дебар.
-. На патниот правец крак Маврово- Дебар сообраќајот се одвива отежнато во зимски услови поради одрони и искршени дрвја на патот. Екипите на ЈП „Македонија пат“ се на терен и работат интензивно на расчистување на патот, информираа од АМСМ.