Откако пробале да избегаат во три автомобили пронајдени 25 мигранти

Спречен обид за криумчарење на мигранти. Имено, вчера во раните утрински часови на автопатот Велес – Скопје, по пунктот „Македонијапат“, полициски службеници пронашле 25 илегални мигранти и три автомобили „Ауди“, „Фоклсваген“ и „Мерцедес“, кој бил превртен.

Возилата со скопски регистарски ознаки претходно биле забележени кај Демир Капија, но не застанале на даден знак за запирање и продолжиле со движење кон Скопје.

Во разговор со полициските службеници мигрантите појасниле дека биле симнати од трите возила.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПотврдени 177 новозаразени од вурусот, 105 во Скопје
Следна вестПочинаа двајца пациенти, 180 новозаразени од кои 109 во Скопје