Починаа двајца пациенти, 180 новозаразени од кои 109 во Скопје

Во последните 24 часа се направени 1272 тестирања во Македонија, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19, соопшти пред малку Министерството за здравство. Најмногу случаи се забележани во Скопје 109, Куманово 26, Дебар 1, Штип 15, Тетово 12, Струга 1, Велес 1, Битола 1, Охрид 1, Гостивар 8, Гевгелија 2, Валандово 1, Свети Николе 1 и Неготино 1.

-На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 52 години години, лекуван на клиниката од 30 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје на 68 години, хоспитализирана на 29 мај, се наведува во соопштението.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти: Скопје 6, Прилеп 1, Велес 4.

-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2790, бројката на оздравени пациенти е 1632, на починати е 149, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1009, информира Министерството.

Досега во земјата се направени вкупно 34386 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 16 теста се во рамките на скринингот во градинки во Штип, нема позитивни резултати на ковид-19.

Претходна вестОткако пробале да избегаат во три автомобили пронајдени 25 мигранти
Следна вестФилипче: Имаме втор бран, кратко ќе трае, имаме добра стратегија…