Филипче: Имаме втор бран, кратко ќе трае, имаме добра стратегија…

Имаме втор бран на корона вирусот, но тој се очекува кусо да трае, изјави пред малку Венко Филипче, министер за здравство на конференцијата за печат.

Зборувајќи за драстично зголемување на бројот на заболените од Ковид – 19 тој рече дека таа појава била очекувана.

-Околу 90 проценти од новозаболените се од 15 семејства од Скопје. Имаа и случаи надвор од нив што укажува дека вирусот е активен и дека треба да бидеме претпазливи. Ние интензивно ги тестиравме примарните контакти во тие семејства и зголемувањето е од тоа. Се покажува дека 90 проценти од заболените имаат сосема лесни симптоми и кај нив болеста ќе помине без лекување, објасни Филипче.

Тој рече дека вакво поголемо тестирање било потребно за да се изврши проценка дали здравствените капацитети се доволни. Тоа сега се потврдило и сега кластерите се под контрола. Филипче го наведе примерот на општина Сарај каде по идентификација на кластерите се намали бројот на новозаболените.

-Овој бран ќе трае кратко и согласно ова, сликата целосно ќе се промени до крајот на неделата, рече министерот.

Toj истакна дека досегашната стратегија на министерството била добра. Исто така истакна дека очекува дека од понеделник ќе има комплетно олабавување на рестрикциите за движење на граѓаните.

Претходна вестПочинаа двајца пациенти, 180 новозаразени од кои 109 во Скопје
Следна вестНабрзинка донесениот полицискиот час ги изненади угостителите, дел не вршат достава