Отстранети две дивоградби на „Водњанска“

Со механизација отстранети се два нелегално изградени објекти на поранешната улица „Водњанска“, односно една импровизирана градба и една дрвена барака, соопшти денеска општина Центар.

Во информацијата се наведува дека Секторот за инспекциски работи на Општина Центар реагирал откако инвеститорите на двата објекти не постапија по решенијата издадени од нивна страна.

-Решенијата налагаат самите тие во законски предвиден рок од три дена самостојно да ги отстранат градбите. Но тоа е сторено па општинските служби пристапија кон присилно административно извршување, односно отстранување на градбите, се наведува во информацијата.

До сега од страна на овој Сектор издадени се вкупно 18 решенија за отстранување на нелегално изградени објекти, за кои јавноста дополнително ќе биде известена.

Претходна вестМицкоски: Потребна е лидерска средба за да може понатаму заеднички да ја градиме Македонија
Следна вестВо Скопје Север запалено македонско државно  знаме