Отворен е конкурсот „Рациново признание“ за 2021 година

Распишан е конкурс за наградата „Рациново признание“ за 2021 година, од страна на Општина Велес. Се наградуваат прозни, литературни остварувања на автори од земјава објавени во периодот меѓу две манифестации, ланската и оваа.

Право на учество на имаат сите автори и издавачи кои во периодот од јуни 2020 година до мај 2021 година објавиле прозни дела на македонски автори.

-Делата се доставуваат во три примероци на адреса Општина Велес, ул.„Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес со назнака – За конкурс за доделување на наградата „Рациново признание“ за 2021 година.

Делата треба да се достават на оваа адреса најдоцна до 25 мај 2021 година.

Претходна вестНови 21 илегални мигранти фатени кај Градско, пандемијата „му се погоди“ на шверцот на луѓе
Следна вестПопладневното сонце ќе ја искачи температурата до 21 степен