Пак шверцер на мигранти загрозил многу животи бегајќи од полицијата

Триесет и четири мигранти биле пронајдени во камион во Куманово кој удрил во ограда на куќа. Возачот на возилото избегал, но набргу бил пронајден и уапсен.

Според информациите на МВР, вчера вечер околу 21 и 20 часот на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во населба Ајдучка чешма во Куманово, полициски службеници дале знак за запирање на товарно моторно „Ивеко“ со скопски регистарски ознаки, но возилото не застанало и продолжило да се движи, по што удрило во ограда на една од куќите и возачот избегал.

Набргу потоа возачот М.Р.(28) од село Баница, струмичко, бил пронајден и приведен.

При преглед во возилото биле пронајдени 34 мигранти од Авганистан, Пакистан и Бангладеш, кои биле спроведени во Транзитен центар Табановце. По целосно расчистување и документирање на случајот против М.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, за жал оваа појава – шверцерите на мигранти да бегаат од полицијата е многу зачестена и при тоа скоро редовно се случуваат сообраќајни несреќи во кои страдаат лица.

Претходна вестКако да се избега од срамот за она што си го направивме на себе си?
Следна вестКаква порака се испраќа до младите: Две години условно откако со џип усмрти човек и неродено бебе?