Патничка паднала во автобус и се добила со тешки повреди

Со тешки телесни повреди се здобила патничка откако паднала од автобус на ЈСП.

По извештајот на полицијата, на 23.11.2021 во 12.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“, во автобус на ЈСП, управуван од И.Б.(52) од Скопје, паднала патничка С.А.(61) од Скопје. С.А. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Претходна вестПет деца од училиште во Чаир загинаа во вчерашната трагедија – соучениците маршираа во нивна чест
Следна вестВо денешната црна ковид-статистика запишани 10 лица, нови 442 заразени