Пет деца од училиште во Чаир загинаа во вчерашната трагедија – соучениците маршираа во нивна чест

ФОТО: МКД.мк

Ученици на ОУ „Исмаил Ќемали” од Чаир денеска организираа комеморативен марш од училиштето до Плоштадот Скендербег, за да им оддадат почит на загинатите соученици во вчерашната автобуска несреќа во Бугарија.

-Трагедија е за едно училиште да загуби пет ученици, рече директорката на ОУ „Исмаил Ќемали”, Бурбуќе Имери.

Пет дечиња од ова училиште се меѓу загинатите 46 лица во трагедијата во Бугарија- две од деветто одделение, едно од осмо одделение, едно од шесто одделение и едно девојче од второ одделение.

Пред завршување на маршот учениците положија цвеќе пред скалите на Плоштадот Скендербег во спомен на загинатите и посакаа овој трагичен настан да биде последен и во иднина да не се случуваат вакви трагедии.

Претходна вестХуман гест: Општина Чаир нема да украсува за Нова Година, парите ќе им ги додели на семејствата на загинатите
Следна вестПатничка паднала во автобус и се добила со тешки повреди