Патнички авион влетал во турбуленции: три стјуардеси завршиле во болница, има и повредени патници

Дури 16 патници и членови на кабинскиот екипаж биле повредени за време на турбуленциите во кои влетал Боингот „Б777-200ЕР“ на Јунајтед ерлајнс (UA) кој полетал од Лос Анџелес, пренесуваат медиумите во регионот.

Овој инцидент се случил на 10 февруари, пишува „The Aviation Herald“, а пренесува порталот „Simple Flying“.

По слетувањето на пистата, три стјуардеси и двајца патници биле пренесени во болница, додека на 11 повредени лица не им била потребна хоспитализација.

Авионот N788UA (сериски број 26942, стар 26,6 години, од почетокот во флотата на UA) го извршил најголемиот дел од летот без никакви тешкотии или пречки. Меѓутоа, додека се спуштал кон пистата авионот неочекувано наишол на силни турбуленции, стои во написите.

Портпаролот на Јунајтед ерлајнс изјавил за „Simple Flying“ дека „по слетувањето, авионот го пречекал медицински персонал и три стјуардеси и двајца патници се пренесени во Универзитетската болница“.

Претходна вестТошковски, Буши и Бојмацалиев нa средба со Агелер: во фокусот активностите во врска со патните исправи и обврските околу изборите
Следна вестПродавачка задржала заборавена банкарска картичка и си пазарела