Пелистер во драматичен натпревар поразен од Сутјеска

Во драматичен финиш во кој одлучуваше една топка, битолчани не успеаја да излезат како победници во дуелот со екипата од Никшиќ. (79:78).

Само уште еден точен шут, оној на новото играчко засилување Најт, му беше доволен на Пелистер да дојде до уште една победа во „балонот“ кој денеска се затвора во новосадски СПЕНС.
За жал, неговиот обид не беше точен, па екипта од Никшиќ стигна до минимален триумф, кој го остава нашиот претставник во негативен скор од четири победи и шест порази пред оној последен турнир (во текот на март) во кој ќе се одиграат последните три кола од регуларната фаза на АБА 2 лигата.

Претходно, црногорскито претставбик имапеп подобра „отворање“ на мечот во кој за десет минути се стека со сосема солидно водство од (24:16). Тоа услови „пелистерци“ да ја „бркаат“ таа негатива практично да самиот крај на средбата. Но за жал, иако беше присутна желбата, мотивот, амбиции, тоа не го реализираа.

Во неизвесен финиш, прво Сапунџиев, со тројка, ја врати надежта дека може да се добие и овој меч во Нови Сад. Намали на (77:78), по што следуваше оној завршен „ролекостер“. Односно 62 секунди во кои прво Костоски беше половичен од линијата за слободни фрлања. Тоа беше доволно за егал (78:78). Дваесетина секунди подоцна, од истото место, еден „пенал“ релизираше Томашевиќ, за (79:78). А во нападот за победа, Најт не беше успешен, па „пелистерци“ мораа(т) да го признаат поразот.

Магдевски беше најефикасниот играч на Пелистер, со реализирани 17.поени, солиден беше и Планиниќ со нов двоен ефект од 15.поени и 12. скока  За нешто повеќе, односно

Претходна вестСкопјанец пронајден починат во својот дом
Следна вестВремето денес сончево и натпросечно топло со мала локална облачност