Пендаровски бара да се продолжи рокот за нови лични документи: Ова е срамно понижување на македонските граѓани

Предлог да се пролонгира на рокот за вадење на нови лични документи синоќа даде шефот на државата Стево Пендаровски. Тој во интервју на телевизија Сител, говорејќи за процесот на промена на личните документи поради промената на уставното име на државата, рече дека тоа може лесно да се направи.

-Прво, тоа е срамно понижување на македонските граѓани. И непотребно. Второ, ова го предложив на најмалку двајца министри во македонската влада – со брза интервенција во два закони – закон за лична карта и закон за патни исправи, и ако е потребно и законот за безбедност во патниот сообраќај, тоа се прави во едно попладне. Знаеме дека може да се направи во едно попладне, не мора со европско знаменце да биде. Ќе ги измениме тие два закони, ќе го пролонгираме рокот, наместо февруари да биде септември-октомври, претходно ќе ги известиме и Грците дека немаме намера да бегаме од обврските од Преспанскиот договор, рече претседателот Пендаровски.

Поради наметнатата промена на уставното име на државата, согласно Преспанскиот договор од 2018, рокот за промена на личните документи е до 12 февруари годинава. Владата наметна ултиматум и на пунктовите во МВР се чека со часови и за фотографирање и за подигнување на на документите.

Граѓаните повеже од два месеци упорно бараат да се пролонгира ултиматумот, но МВР е глув на тие аргументирани барања.

Претходна вестПешак загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка
Следна вестМетодија Шаторов – Шарло, беше против српската колонизација, јасно и напиша на Бугарија кои сме, им пречеше на југословенските комунисти…