Пешак загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, откако во него удрил автомобил “ауди”, соопшти СВР Куманово.

-Во 20.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка во населба Карпош, патничко моторно возило “ауди”, управувано од Н.Т.(22) од село Добрача, Старо Нагоричане, удрило во пешакот З.Ѓ.(59) од Куманово. Во незгодата пешакот З.Ѓ. починал на самото место, информира полицијата.

Претходна вестПендаровски: Екстрадицијата на Палевски може да се случи многу скоро
Следна вестПендаровски бара да се продолжи рокот за нови лични документи: Ова е срамно понижување на македонските граѓани