Пендаровски: Екстрадицијата на Палевски може да се случи многу скоро

Екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој е првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, е можно да се случи многу скоро, изјави синоќа претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Тој во вечерашното интервју за „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека вчера попладне добиле информација дека неговата екстрадиција не е спорна од разузнавачки и безбедносен аспект. Останува уште само, наведе претседателот, да се договорат деталите за примопредавање, кои се од технички аспект.

Пендаровски рече дека нема да има никакви условувања во однос на екстрадицијата на Палевски.

-Практично сега остануваат само техничките детали од она што се нарекува меѓународна правна помош, што се случува како процес меѓу двете министерства за правда (на Турција и на Северна Македонија н.з.). Значи, ако смеам да предвидувам, бидејќи ова не е спорно, имаше прашања, што со некакви припадници на Фето… Нема да има никакви условувања, дека од тој аспект е работата исчистена и чиста и дека сега останува само да се договорат деталите за примопредавање, така да кажам, кои се од технички карактер. Значи, таа екстрадиција може да се случи многу скоро, рече претседателот во интервјуто.

Претходна вестСончево со мала до умерена облачност
Следна вестПешак загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово – Крива Паланка