Пендаровски: Не се потресувам од писанијата на Коцарев, за втор мандат воопшто не размислувам

Единствениот начин да се додржиме во државава е со ум и со балансирање меѓу различните етникуми, религии, луѓе кои живеат тука, порача синоќа претседателот на државата Стево Пендаровски. Шефот на државата тоа го истакна во интервју на ТВ Канал 5, прашан „како гледа на улогата на претседателот на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) Љупчо Коцарев во однос на неговите ставови против договорите со Грција и Бугарија и текстот во кој наведува дека последниот Македонец ќе исчезне во 2084 година, како гледа на институцијата и генерално дали има шанси да се разбреме ние Македонците?“.

-Во однос на тие негови писанија не би се потресувал толку многу што напишал господинот Коцарев затоа што се работи за физичар, кој од меѓунатродна политика, внатрешна политика, етногенеза, се разбира колку што јас се разбирам во атомска физика, значи, многу малку или воопшто не се разбира. Мене ме чуди друга работа, таму постојат луѓе во раководството на МАНУ кои се со завидни референци, професионални, лични, политички, и кај нив има молк. Тие молчат. Зошто мислам дека тие би морале да заземат позиција и да кажат јавно што мислат? Затоа што во последниот текст на дотичниот господин стои дека тој заедно со МАНУ од септември ќе го просветувал и ќе го будел македонскиот народ, рече Пендаровски.

Би било интересно, дополни шефот на државата, да се види, или господинот Коцарев мисли да ја регистрира МАНУ како политичка партија па да учествува на избори и тогаш другите академици ќе треба да кажат каде се гледаат себеси во тој нов политички субјет и тоа значи како институција заедно ќе го освестуваат Македонецот, а другиот резон зошто мислам дека тие мора да излезат час поскоро во јавноста е затоа што МАНУ има многу лоша репутација.

Во коментар на тоа дека „некој можеби би помислил дека има ваков став поради тоа што се споменува дека можеби ќе биде кандидат“ Пендаровски рече дека воопшто не размислува за втор мандат.

-Воопшто не размислувам за втор мандат, само ви кажувам дека реалноста е таа. Тие ставови се опасни, но не ме чуди што доаѓаат од човек кој е физичар, мене ме чуди што овие другите кои имаат завидно и политичко искуство, некои од нив биле и министри, рече Пендаровски.

Претходна вестСончево со мала облачност и ветер
Следна вестЈавно обвинителство: Во случајот со Финансиската полиција низа пропусти