Пендаровски шокиран од одлуката за Мијалков

Шокиран сум од одлуката на апелацискиот суд за случајот „Таргет-Тврдина“, напиша на Фејсбук претседателот на државата Стево Пендаровски по одлуката на апелациските судии за укинување на пресудата за масовно прислушкување а со тоа и застарување на делата за поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

-Одлуката е пораз за правната држава и доказ за ниската доверба на граѓаните во правосудните органи. Ваквите одлуки само ја поткопуваат вербата на граѓаните дека се можни вистински реформи во владеењето на правото и борбата против корупцијата, стои во фејсбук статусот на претседателот Пендаровски.
Претходна вестРекордна заплена на Царината, во автобус пронајдени девизи и злато во вредност од милион евра
Следна вестПронајден починат маж во Охрид