На сите припадници на Министерство за внатрешни работи им го честитам 7 мај – Денот на македонската полиција, сподели претседателот Стево Пендаровски.
„Организираното, дисциплинирано и пожртвувано исполнување на задачите и справување со безбедносните предизвици од страна на полицијата, е клучно во зачувувањето на човечките животи, како и мирот, безбедноста, сигурноста и поредокот.
Продолжете преку чесно, совесно и професионално работење да им служите на сите наши граѓани, да ја штитите нивната лична безбедност и сопственост, и со тоа да придонесувате за јакнење на кредибилноста и довербата кај граѓаните“, додаде тој.