Пендаровски: Во наредниве месеци очекувам интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата за уставните промени

Очекување дека во наредните месеци ќе има интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата околу уставните промени, денеска изрази претседателот на државата Стево Пендаровски. Тој рече дека се надева дека конечно ќе можат да се убедат дека уставните измени се стратешки момент кој не смеат да го пропуштат за иднината на државата.

-Очекувам во наредниве неколку месеци, намерно потенцирам неколку месеци, дека ќе престојат интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата во кои конечно ќе можеме да се убедиме дека ова е стратешки момент кој не смееме да го пропуштиме за иднината на државата, истакна Пендаровски при денешната работна посета на општина Пустец во Албанија.

Тој додаде дека не очекува отворање на Уставот да се случи во август.

-Ставовите на двете групации во Собранието се многу јасни и досега не се променети. Од вторник понатаму почнува процедурата во Парламентот. Не очекувам првата фаза гласање за евентуално отворање на уставните промени да се случи во август, имам очекување дека тоа ќе биде најверојатно после годишните одмори, некаде крајот на септември. Инаку, целата временска рамка која се очекува евентуално да го промениме Уставот треба формално да заврши до 30 ноември, додека трае скринингот, посочи Пендаровски.

 

Претходна вестОбвинителството ќе проверува дали Артан Груби е сопственик на запаленото „ауди“
Следна вестПриведени четири лица, полицијата кај нив пронајде „екстази“, прашкаста материја и марихуана