Приведени четири лица, полицијата кај нив пронајде „екстази“, прашкаста материја и марихуана

Вкупно четирили лица се приведени во одвоени полициски акции во Скопје поради поседување на недозволени материи. Денеска (23.07.2023) во 01.00 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(25) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени таблети „екстази“.

-Во 02.00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.З.(40) од кумановско, затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. Во 01.20 часот на подрачјето на Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(33) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана, се наведува во информацијата.

Во Аеродром полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Ј.(37) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Претходна вестПендаровски: Во наредниве месеци очекувам интензивни разговори помеѓу власта и опозицијата за уставните промени
Следна вестСрпска полиција приведе македонски државјанин, патувал со 313 куршуми