Српска полиција приведе македонски државјанин, патувал со 313 куршуми

Српската полиција уапси 22-годишен државјанин на Македонија во близина на граничниот премин Батровци со Хрватска поради поседување 313 парчиња муниција со различен калибар, јави Бета.

Македонецот е осомничен за недозволено изработување, држење, носење и тргување со оружје и распрскувачки материјали.

Нему му е одреден притвор до 48 часа, а со кривична пријава ќе биде изведен во Вишото јавно обвинителство во Сремска Митровица.

Претходна вестПриведени четири лица, полицијата кај нив пронајде „екстази“, прашкаста материја и марихуана
Следна вестАрсовска нема да дозволи да се изгради „бетонско чудовиште“ во Ќерамидница