Според податоците на „Евростат“ за 2021 година, највисоки пензии земаат пензионерите од Исланд (2 762 евра), а најниски оние во земјите од Балканот. Просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45 731 динари (390 евра). Според последните податоци на Фондот за ПИО на Македонија, просечната пензија во март годинава изнесувала 21 209 денари (345 евра). Во Црна Гора, според „Евростат“, просечната пензија е 291 евро, во БиХ – 237 евра, а најмала просечна пензија примаат пензионерите во Албанија – 131 евро.
Прилично големи се разликите во пензиските примања што ги добиваат пензионерите во Европа. Според податоците на Европскиот завод за статистика („Евростат“) за 2021 година, највисоки пензии земаат пензионерите од Исланд, а најниски, се разбира, оние во земјите од Балканот што сè уште не се влезени во Европската Унија.
Просечната месечна пензија на ниво на Европската Унија изнесува 1 294 евра. На Исланд, просечната пензија е 2 762 евра, а по неа следуваат Луксембург со просечна месечна пензија од 2 575 евра, Норвешка со 2 438 евра, Данска со 2 417 евра, Швајцарија со 2 138 евра, Австрија со 1 962 евра), Холандија со 1 931 евро, Ирска со 1 906 евра, Шведска со 1 838 евра и Белгија со 1 737 евра. Со овие високи примања за балкански услови, помалку од половина од Европејците веруваат дека ќе имаат доволно пари за да живеат во пензија, што е загрижувачки број.
На дното од листата со најниски месечни примања се пензионерите од балканските земји. Највисока просечна месечна пензија има Словенија – 692 евра), во Хрватска пензионерите добиваат 388 евра, додека просечната пензија на пензионерите во Бугарија, според „Евростат“, изнесува 226 евра.
Од балканските земји што сè уште не се влезени во ЕУ, највисока просечна пензија се исплаќа во Србија. Просечната априлска пензија во Србија изнесувала 45 731 динари (390 евра). Според последните податоци на Фондот за ПИО на Македонија, просечната пензија во март годинава изнесувала 21 209 денари (345 евра). Во Црна Гора, според „Евростат“, просечната пензија е 291 евро, во Босна и Херцеговина – 474 конвертабилни марки (237 евра), а најмала просечна пензија примаат пензионерите во Албанија – 131 евро.