Персонализирана медицина, новиот начин на лечење

Персонализираната медицина, или како што уште се нарекува индивидуална терапија, претставува еден од најголемите достигнувања во областа на медицинската наука. Индивидуалниот пристап во дијагнозата и третманот на болеста, значително ја зголемува ефикасноста на здравствената заштита.

Медицината во најновиот пристап за лечење на одредени болести, веќе е длабоко навлезена во ползување на уникатниот молекуларен и генетски профил на поединецот.

Овој пристап е познат како персонализирана медицина и лекот го наоѓа во уникатниот генетскиот код, индивидуално за секој пациент. Се базира на информациите што ги содржат гените, односно сѐ што едно лице наследува од своите родители, а овие информации носат упатства за сè што прави телото, вклучително и како реагира на различни здравствени предизвици. Според гените и генетските карактеристики некои луѓе можеби се посклони кон одредени болести, како што е ракот. Тоа е како да постои специјална „предиспозиција“ вградена во гените. Сите тие информации се достапни во гените и персонализираната медицина ги истражува.

Со испитување на генетскиот и молекуларниот профил, се дознава и разбира специфичната загатка на секој човек. Персонализираната медицина всушност ја користи моќта на информациите скриени во гените, за секој човек посебно. Ова им овозможува на лекарите да го прилагодат својот пристап во третманот на болеста, што го прави поефективен. На пример, лекарите не ја третираат само болеста, како ракот, туку тие лекуваат „конкретна личност со специфичен карцином“ и тоа „како тој вид карцином ги напаѓа клетките на таа конкретна личност“, што е различно од пристапот за кој било друг пациент. Тоа е како гените да го имаат клучот за разбирање на здравјето, а персонализираната медицина овозможува приспособена терапија за лекување.

Овој персонализиран пристап помага да се минимизираат несаканите ефекти и да се постигнат подобри резултати бидејќи се користи посебна стратегија за третман на секој поединечен пациент.

Разликата меѓу персонализираната и традиционалната медицина е во тоа што традиционалната медицина нуди стандардизирано решение, едно за сите пациентите со одредена болест. Персонализираната медицина оди чекор понатаму во лекувањето и овозможува преку разбирање на целокупната здравствена состојба на поединецот и неговата генетска структура да се одберат поспецифични и насочени третмани за подобри резултати.

На овој начин и со ваков пристап, персонализираната медицина целосно ја трансформира здравствената заштита. Според научните истражувања досега, персонализираната медицина е попрецизна и таргетирана, давајќи им на пациентите подобри шанси за излекување и подобар квалитет на живот, истовремено намалувајќи ги и трошоците за здравствена заштита.

Претходна вестХезболах го нападна Израел со дронови и ракети, има жртви
Следна вестДали со кршење на Деловникот се изгласа новиот Деловник?