Со тешки повреди се здобил 54-годишниот пешак откако вчеравечер бил удрен од страна на автомобил на крстосницата кај касарната „Илинден“.
-На 11.06.2020 во 21.30 часот на крстосницата од бул.„Никола Карев“ и влез кон касарната „Илинден“, патничко моторно возило „Фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Т.(52) од Неготино, удрило во пешакот И.Р.(54) од Скопје, се наведува во информацијата на полицијата.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа на СВР Скопје.
Ова е втор случај за вчерашниот ден да има прегазен пешак. Во другиот случај исто така тешко е повреден пешак во Козле, а возачот кој го удрил со автомобил побегнал од местото на несреќата.