Годинашниот добитник на наградата „Лирата на Орфеј“ на престижниот меѓународен поетски фестивал „Орфеј“ во Пловдив, Бугарија, е македонскиот поет Михајло Свидерски.
Наградата се доделува за песната „Јазикот“, прогласена најдобра песна на фестивалот.
Инаку, на фестивалот учествуваа поети од целиот свет САД, Израел, Романија, Шпанија, Индија, Македонија, Бугарија, Албанија, Молдавија и Мароко.