Темно Режим Светло Режим

Сонце со малку облаци и умерен ветер

Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време Сончев ден со свежо утро, следува период на стабилно време

Времето денеска на скопското подрачје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 27 степени.

Во останати краишта од Македонија се очекува сончево и топло време со умерена облачност. Кон крајот на денот во североисточните делови ќе има локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен, а во западните делови умерен до засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Повремено зголемена облачност со локални врнежи од дожд ќе има во вторник претпладне, како и во текот на ноќта кон четврток и во четврток преку денот. Поради засилен северозападен ветер во четврток температурата ќе се намали за неколку степени.

Претходниот Пост

Песната “Јазикот“ му донесе престижна награда на македонскиот поет Свидерски на фестивал во Пловдив

Следниот Пост

Др. Пановски: 60 проценти од активното население има антитела на вирусот