Пет лица кривично ќе се гонат за инцидентот што се случи на Бит Пазар во кој беше прободено едно лице.
СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.Е.(31) и Х.Е.(49), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ и против И.Е.(28), Б.Е.(23) и Ј.Б.(21) поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство во обид“ и „соизвршителство“, извести полицијата.
-На 08.03.2024 на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање во сообраќајот помеѓу М.А. и петтопријавениот Ј.Б., пријавените физички го нападнале оштетениот, при што првопријавениот С.Е. со нож му нанел убодни рани, соопшти полицијата.