Од вчера и професорката Билјана Ванковска од Левица и Стевчо Јакимовски од ГРОМ стигнаа до потребната бројка, според последниот пресек на податоците на Државната изборна комисија.
Претходно потребните 10.000 потписи ги собраа и Бујар Османи од ДУИ, Арбен Таравари од „Вреди“ и Максим Димитриевски од „ЗНАМ“.
Кандидатите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ Стево Пендаровски и Гордана Давкова-Силјановска денес и утре се очекува официјано да добијат поддшка од партиските тела на партиите, по што и двајцата ќе собираат граѓански потписи.
Рокот за потпишување ќе трае до 8 март.
Првиот круг од претседателските избори е на 24 април, а вториот на 8 мај кога ќе се одржат и паралемнтарите избори.