Петмина поминале на црвено, 15 лица возеле без дозвола…

Скопската полиција и вчера изрече бројни казни поради прекршување на сообраќајните правила и прописи. Казни заработија вкупно 116 лица, а најчест прекршок беше возење беа возачка дозвола.

-На територија на град Скопје изречени се вкупно 116 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина пет санкции, 15 мерки возење без возачка дозвола и пет санкции за нерегистрирани возила, се наведува во соопштението на МВР.

Изречени се пет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), шест санкции за користење мобилен телефон при возење…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Претходна вестОблачно со повремени врнежи од дожд
Следна вестГореле контејнери на Бит пазар, по трет пат на истата локација