15 лица возеле и зборувале на телефон, 14 непрописно престигнувале…

Зборување по мобилен тгелефон за време на возењето и натаму е чест прекршок што го прават возачите на скопското подрачје. Секојдневно, полициските патроли казнуваат по околу десетмина такви возачи. Така беше и вчера кога беа казнети 15 возачи коишто на вакво начин ја загрозувале безбедноста во сообраќајот.

Инаку, МВР денеска соопшти дека вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 210 мерки.

-Меѓу нив за возење повеќе од дозволеното 10 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 14 санкции за непрописно престигнување и обиколување. Изречени се и девет санкции за возач почетник, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за некористење сигурносен појас…, се наведува во информацијата.

МВР уверува дека контролите продолжуваат и во наредните денови.

Претходна вестСе празнува Митровден, спомен на Свети Димитриј и почеток на зимскиот период
Следна вестМакедонија ќе отвори музеј со изјави на ЕУ бирократи дека прават грешки