Пијан радовишанец нападнал полицајци на сред полициска станица

Завчера во 19 часот во полициската станица Радовиш бил приведен А.Ф.(36) кој дошол да пријави нарушување на јавниот ред и мир.

-Тој дошол во просториите на полициската станица Радовиш во алкохолизирана состојба, за да пријави нарушување на јавен ред и мир во кое учествувал, при што почнал агресивно да се однесува кон полициските службеници. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираше МВР.

Претходна вестДУИ го промовира претседателскиот кандидат Бујар Османи
Следна вестВо Штип и Битола комеморации по повод 81 година од холокаустот на македонските Евреи