Писател купил населба од 4 милиони долари и им ја подарил на самохрани мајки

Американскиот писател Рик Стивс во Америка, подари станбен комплекс од 24 апартмани на самохрани мајки. Тој сакал ова сместување да го користат самохрани мајки кои се лекувале од сериозни зависности од дрога и сега се подготвени да го вратат старателството врз своите деца.

Рик Стивс е познат по своите книги и видеа ширум светот. Тој е американски патописец, писател, активист и телевизиска личност. Неговата филозофија за патување ги охрабрува луѓето да истражуваат дестинации помалку познати на туристите и да се нурнат во животниот стил на локалното население.

Но, Рик Стивс е познат и по добрите дела што ги прави.

Едно од неговите „најдобри“ добри дела е кога решил да купи станбен комплекс за да им го подари на мајки кои имаат деца, но се бездомнички.

Тој го купил овој комплекс кога се чинело дека времето целосно го прегазило. Го преуредил на прекрасната локација и решил да им го подари на мајките кои се лекуваат од зависност или на оние кои немаат сопствен дом.

– Штотуку му подарив на Христијанското здружение на млади жени станбен комплекс вреден 4 милиони долари за бездомнички и деца, рекол Рик Стивс, додавајќи дека станува збор за станбен комплекс со 24 единици.

Инаку, Христијанското здружение на млади жени е непрофитна организација со фокус на зајакнувањето, лидерството и правата на жените, младите жени и девојките во повеќе од 100 земји.

Рик вели дека навистина сакал ова сместување да го користат самохрани мајки кои се лекувале од сериозни зависности од дрога и сега се подготвени да го вратат старателството врз своите деца.

– Замислете ја радоста дека можам да обезбедам едноставен двособен стан за една мајка и нејзините деца додека таа се бореше да си го врати животот на вистинскиот пат… и тоа 24, раскажал Рик Стивс.

Стив на овој потег се одлучил пред 6 години.

Претходна вестЗдружение на инженери поднесе иницијатива за донесување Закон за изградба на „Чебрен“ со македонски сили
Следна вестСе бара вонредно собрание на МОК и разрешување на Димевски