ПМ10 „вриштат“ во Лисиче, општината мете улици и рекламира нови метларки

Општина Аеродром два дена испраќа соопштенија дека ги чисти улиците со камиончиња за метење, но и наоколу.

-Со целата расположлива механизација на општината и со вклучување на новите машини за чистење, ќе се отстранува комуналниот отпад од јавните површини, што опфаќа метење, стругање и собирање лисја и гранки од плочниците, патеките, паркинзите и парковите, како и расчистување на депониите. Да придонесеме сите за почист и поубав Аеродром, информираат од прес-службата на Општина Аеродром.

Убаво е што се мете, ама да не се претерува со пропагандата. Аеродромци експресно се кренаа иронично, на шега, но и гневно против ваквиот пи ар, пред се, заради тоа што сметаат дека не може да биде вест метењето улици кога Аеродром е најзагадената општина во Скопје.

-Тоа што метете улици е исто како мајка да шета со транспарент на кој пишува „си го чувам детето“…Луѓе тоа ви е во опис и попис на работните ангажмани…
-А бе вие знаете нешто друго освен со тоа метларките како мачка со опашка да чистите? За ништо друго изгледа не ве бива…
-Еј само немојте од Фрањо Клуз да поминете да зачистите ептен незгодно ќе ни биде по чисти тротоари да се движиме…
-Лисиче „светна“ па сега други локации, очај сте само сликајте се…
-До кога неуспехот ќе го презентирате како успех? Акција за чистење? Па ова треба да е редовна пракса а не акции… , се само дел од коментарите на граѓаните на објавата на Општина Аеродром на нејзината фејсбук страна.

Инаку мерната станица во Ново Лисиче синоќа покажа неверојатни 435 најотровни ПМ10 честички измерени во микрограми на метар кубен.

Претходна вестРегистрирани 1.093 новозаразени, починаа 28 лица
Следна вестРокот за Hemi Music Awards тече, последен ден за пријавување е 23 декември