Ренова и Шкупи денеска во Тетово го отвараат 17 коло во ПМФЛ, прва средба викендов во најсилната фудбалска кконкуренција.
Шкупи е одличен на табелата со 32 бода, веднаш е зад лидерот Шкендија, додека екипата на Ренова со 15 бода е на 9 место.
На гости Шкупи нема пораз на последните пет меча, Ренова на домашен терен има само една победа на последните 5 средби, последен пат го победи Борец со 1-0.
Шкупи последниот пораз на гости го запиша кон крајот на септември од Струга ТЛ.
Средбата Ренова -Шкупи се игра од 13 часот, утре се играат останатите средби:
Академмија Пандев – Шкендија
Борец- Силекс
Струга ТЛ – Работнички
Вардар – Македонија ЃП.