По двегодишната пауза матурантите в петок повторно ќе танцуваат

По двегодишната пауза задутре македонските матуранти повторно ќе бидат дел од традиционалната „Матурска парада“. Манифестација во Скопје ќе започне на пладне на плоштадот „Македонија“ а во неа ќе учествуваат средните училишта: СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“, СУГС „Панче Арсовски“, СУГС „Браќа Миладиновци“, СУГС „Георги Димитров“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“, СЕПУГС „Васил Антевски Дрен“, СУГС „Владо Тасевски“, СУГС „Димитар Влахов“, СУГС „Орце Николов“, СУГС „Лазар Танев“, СУГС „Шаип Јусуф“, СУГС „Јосип Броз Тито“, СУГС „Кочо Рацин“ и СУГС „Марија Кири Склодовска“.

Организатор и носител на заштитена марка за Република Македонија: Дирекција за култура и уметност на Скопје, која во Скопје манифестацијата ја реализира во соработка со Танцовиот спортски клуб „Ритам плус“. Покровител на манифестацијата во Скопје е Градот Скопје.

Покрај скопските матуранти оваа година на „Матурската парада“ ќе учествуваат и нивните врсници од триесетина градови во Словенија, Словачка, Унгарија, Србија, Црна Гора.

Во изминатите години учесниците од стотина градови од Македонија, Словенија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Романија, Бугарија, Албанија, Украина, Унгарија и Австрија во седум наврати поставуваа гинисови рекорди во истовремено синхронизирано играње на ист танц – кадрил. Вкупниот број на учесници на “Матурската парада” во изминатите години во сите градови учесници ја надминува бројката од 500.000 матуранти.

Претходна вестПендаровски му пиша на патријархот Вартоломеј: Го очекувам Томосот за Нашата црква
Следна вест10 услови на Турција за да прифати влез на Шведска и Финска во НАТО